Мозочниот удар е еден вид мозочна повреда. Исто така е познат како шлог или капка во мозокот. До мозочен удар доаѓа кога има ненадеен прекин во снабдувањето крв во мозокот.

Дотокот на кислород и хранливи материи во мозокот е прекинат и мозочните клетки се оштетуваат или се уништуваат. Кога мозочните клетки се уништени се губат телесните функции што овие клетки обично ги контролираат. Мозочниот удар варира со степенот на сериозност: од минлив исхемичен напад при што симптомите се подобруваат во рок од неколку часа, до сериозен мозочен напад што може да предизвика трајна онеспособеност или дури и смрт. Еве неколку сипмптоми по кои ќе препозаете мозочен удар:

1. Замолете ја личноста да се насмее (нема да може)

2. Замолете ја личноста да изговори една реченица (тешко ќе и успее)

3. Замолете ја личноста да ги подигне двете раце (нема да може  или ќе ги подигне делумно)

4. Замолете ја личноста да го исплази јазикот ( ако јазикот е свиткан и се лула од едната на другата страна,тоа е знак дека особата има мозочен удар)

При овие симптоми веднаш повикајте лекар.

loading...
Сподели