Како да постапувате со луѓето со незгоден карактер?

nezgoden karakterСекаде околу нас има многу луѓе со незгоден карактер, растроени, своевидни, дури и ментално растроени. Тоа се психолошки болни луѓе, кавгаџиски типови, циници, несклони кон соработка со ближните, луѓе лути на сите и на секого, неподготвени за животот во друштво. Растројствата понекогаш се стекнати во детството, а понекогаш се вродени.

На никого не му паѓа на ум да ги осудува болните, на пример, од тубрколоза. Слпчно на тоа, никако не би требало да ги осудуваме и душевно болните. Напротив, кон нив би требало да покажуваме разбирање и сочувство. Да разбереш, значи да простиш. Осуетената, растроената и со омраза опседната личност не е во состојба да воспостави усогласеност со беспределната интелегенција на потсвеста. Ги отфрла мирните, радосните и среќните, го критикува, осудува и клевети секој оној што е спрема неа љубезен и добар.

Се држи за следниов став: зошто тие би биле среќни, кога јас сум толку несреќен? Подготвена е целиот свет да го повлече надолу и да го срози на своето ниво на живеење. Несреќата сака друштво. Доколку ја сфатите таквата вистина, секогаш ќе останете мирни, свесни за фактите и нема да подлегнете на беспричинското сочувство.

Извадоци од книгата „Моќта на потсвеста“

Advertisement