Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта.

За стимулирање на мочањето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва. Копривата содржи големи количини на витамин А, разни минерални соли, растителни хормони и ензими, кои поволно влијаат на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта.

Затоа подгответе го овој концентриран сируп од коприва и пијте го редовно.

За три литари сируп од коприва потребно е:

  • – 30 до 40 врвови од млада коприва;
  • – 3 литри ладна вода;
  • – 5 до 6 парчиња цитрусно овошје (може и комбинација лимон, грејфрут, портокал);
  • –  1 кг шеќер (се додава кога сокот ќе отстои).

Припрема:

Копривата и овошјето добро се мијат и се ставаат во вода. Садот се поклопува и се остава да отстои 24 часа. Другиот ден смесата се гмечи и се процедува, потоа се додава шеќерот. Сирупот повремено се меша се додека не се стопи шеќерот. Потребно е околу 24 часа додека шеќерот да се стопи. Добиениот сируп се собира во чисти стаклени шишиња и се чува на темно и ладно место.

Advertisement