Како да откриете дали имате кандида во вашиот организам?

Како едноставно, бесплатно и со сигурност да утврдите, дали имате зголемено ниво на кандида во организмот и како да ги препознаете симптомите ?
1. Пред да одите на спиење, наполнете ја чашата со чиста вода и оставете ја покрај креветот.

2. Наредното утро, веднаш по будењето, плукнете во водата.

3. Не обидувајте се да соберете во устата голема количина плунка, само плукнете го она малку што го имате во устата по будењето.

4. Оставете ја чашата да отстои 15 минути.

5. Најдете извор на светлина и погледнете во чашата.

6. Ако вашата плунка остане на површината на чашата или се истопи, со вас се е во ред.

7. Ако водата е матна или во неа се гледаат ленти, кои се спуштаат надолу, или пак плунката се спуштила доле, постои голема можност да имате премногу кандида во вашиот организам.

8. Во овој случај се советува да се обратите за совет кај вашиот лекар или да се обидете да се ослободите од кандидата на природен начин.

Симптоми на прекумерно растење на кандидата во организмот се: хронични габични инфекции со симптоми на чешање и засилен исцедок, синдром на иритабилно црево, подуеност и гасови, грчеви, пролив, киселини во желудникот, алергија, кивање, хроничен замор, депресија, слабо памтење и слаба концентрација, и проблеми со менструалниот циклус. Таа многу често се појавува и кај сексуалниот партнер, без разлика дали тој има симптоми.

Advertisement