Сите знаеме дека чајот од магдонос помага за намалување на масните наслаги од половината и колковите, но дали знаете како се користи оваа напивка?

Чајот од магдонос е многу здрав и народната медицина го препорачува за лекување воспаленија на мочните канали, болести на бубрезите, но и за слабеење.

Оние што го пробале тврдат дека многу им помогнал, но овој чај не е волшебен – килограмите ќе се намалат само ако се придржувате до овие правила:

  1. Правете чај од свеж магдонос
  2. Пијте го со додаток сок од лимон
  3. Консумирајте го секој ден во период од 5 дена, а потоа направете пауза од 10 дена
  4. Во периодот на пиење чај – вежбајте. Половина час шетање секој ден е доволно.
  5. За време на периодот на пиење чај, исфрлете ги од исхраната благото, преработените производи и јадете само готвена, чорбеста храна.
  6. Во периодот на пиење чај, пијте многу вода (околу 3 литри).

Како да направите чај од магдонос? Во врела, зовриена вода, додајте грст ситно сечкан свеж магдонос. Тргнете ја водата од рингла и поклопете го садот. Оставете го чајот да се олади.

Исцедете го и пијте го во текот на денот со додаток сок од лимон (никако не го засладувајте чајот со шеќер, а ни со мед). Во текот на денот испијте половина литар од овој чај. Никако немојте да јадете после 18 часот.

Доколку одлучите да ја регулирате тежината на овој начин, споделете ги резултатите со нас!