vospalenieВоспаление на мочниот меур може да се забележи кај двата пола во сите години. Жените во генеративното доба десет пати повеќе заболуваат од мажите. Ваквите инфекции почнаа да напаѓаат на секој чекор. Циститисот настанува кога нормалниот стерилен долен дел на уринарниот траг (мочниот цев, уретра и меурот) сеинфицира со бактерии проследено со воспалување.

Во преку 90 отсто случаи оваа инфекција е предизвикана од бактеријата Ешерихија коли. Бактериите кои доаѓаат до меурот обично се отстрануваат со течно мокрење. Меѓутоа оваа бактерија останува во меурот, лесно и брзо се размножува и доведува до инфекции. Таа е честа болест и од 100 лица обично заболуваат две. Најчеста е кај полово активните жени во периодот од 20 до 50 години, но може да се појави и кај неактивните девојчиња.

Жените се посклони на оваа болест поради тоа што бактериите не мора многу да патуваат до меурот и поради релативно краткиот дел помеѓу отворот на уретрата и анусот. Циститисот е редок кај машките со анатомски нормален уринарен трак. Кај старите лица ризикот од развој на циститис е голем, дури 33 -ца на 100 лица. Во 80 отсто случаи, главен причинител за ваквото воспаление се коли бацилите кои се наоѓаат во дебелото црево, каде ја разградуваат храната. Во дебелото црево овиее бацили се корисни и неопходни, но во меурот и мочните канали се штетни и опасни. Во нормални прилики мочниот меур е отпорен на надворешните зарази.

РЕЦЕПТ кој може да помогне во лекувањето на оваа болест:
60 гр. стебло од коњско опавче
60 гр. толчен плод на шипинки
50 гр. ајдучка трева
20 гр. дабов лист
10 гр. мајчина душица

На 1 литар вода се ставаат четири супени лажици чај и се пие преку цел ден. Со ракија треба да се масираат слабините и под папокот,врз кои се става ленена крпа.