letni gorestini

Бебешка кожа е многу нежна, склона на изгореници многу повеќе од на возрасните и затоа треба да  внимавате. Иде лето. Еве неколку совети како да го заштитите вашето бебе од летни изгореници:

Лесна памучна облека

Детето секогаш нека е облечено во лесна памучна облека во светли бои. Тенката памучна облека ќе го штити од сонцето и овозможува полесно да се лади телото.

Капа за заштита од сонцето

Децата се многу почувствителни на сонцето од возрасните. Задолжително кога испаѓате на сонце вашето дете нека носи капа со стреа, која ќе ги штити главата и лицето.

Антиалергенски лосион специјално наменет за деца.

Децата се често пати многу чувствителни на хемикалиите од заштитните лосиони, па затоа е неопходно лосионот да биде наменет токму за деца, со помалку агресивни хемикалии, а да пружа висок заштитен фактор. Лосионот за заштита од сонце користете во редовно, а заштитниот фактор нека биде барем или поголем од 30. Сепак немојте да мислите дека затоа што сте му ставиле заштитен лосион можете бебето да го оставате на силна сончева светлина.

Шише со вода

Децата многу лесно можат да дехидрираат и да дојде до многу тешки последици. Секогаш внимавајте вашето дете да прима многу течности. Додека исклучиво го доите бебето веројатно ќе нема потреба да му давате вода, во мајчиното млеко има дел кој е побогат со хранливи материи и дел кој е побогат со вода.  Можеби само ќе треба да го доите во пократки интервали.  Доколку му давате вештачко мелко или го прихранувате, водата е задолжителна.

Пелени

Ако детето носи пелени гледајте што повеќе да биде без нив. Летно време пелените знаат да бидат особен непријатни. На крај, летото може да биде прекрасен период за уживање за вашето бебе, максимално искористете го за тоа.

loading...
Сподели