Многу жени кои веќе станале мајки, имаат само една желба, а тоа е да се наспијат. Покрај сите обврски што ги чекаат, да го нахранат бебето, да го избањаат, па на ред доаѓа повивањето на бебчето. Е, тука веќе доаѓа до реални проблеми. За да им помогнеме на мајките, ќе напишаме за едноставни совети што ќе ви го олеснат облекувањето на бебињата.

povivanje na bebeto

На вашето дете ќе му биде сеедно дали ќе се одлучите за платнени пелени или за оние за еднократна употреба, под услов да му бидат удобни и да не го оставате долго во влажни валкани пелени. Во пелените со еднократна употреба вашето дете ќе изгледа вито, спастресно и уредно. Платнените пелени се подебели, па поради тоа детската облека можеби ќе мора неколку сантиметри да биде поширока. Меѓутоа, платнените пелени ги потпираат колковите на вашето дете, што е предност ако лекарот се сомнева дека со нив не е се во ред.

Поради честото менување на пелените, направете од просторот пријатно место за вас двајцата:играчка закачена над главата, мече покрај детето, шарени слики на мебелот во собата кои ќе го забавуваат детето за да може мирно да лежи. Подлогата за повивање е евтина и многу практична, но најсигурно ќе биде доколку детето го ставите на чист и сув под. Наменската масичка за преслекување може да биде корисна за држење на пелените и на тоалетните додатоци, но детето од неа може да падне, а од подот тоа не е случај.

Сподели