Заедничката војна на родителите е да ги наведат нивните деца да јадат зеленчук. Многу деца не го сакаат зеленчукот, па се поставува прашање како да се спроведе идејата за зеленчук во исхраната? Не бидете мрзливи туку информирајте се, бидејќи се работи за доброто на Вашето дете.

Еве неколку забавни и едноставни начини како да ги наведете децата да јадат зеленчук.

Забавна презентација

Децата ја сакаат забавата и шарената храна. Сечете неколку стапчиња морков, краставиците сечете ги на тркалца, домат и пиперка на мали парчиња и сето тоа поставете го во чинија. Можете да направете лице користејќи ги тркалцата од краставиците за очи, стапчињата од морковот за веѓи, парчињата од доматот за нос и уста, а од парчињата пиперки обликувајте го лицето. Послужете со сос и парчиња леб.

Создадете рутина

Обидете се да послужите барем еден вид на зеленчук со секој појадок кој го јаде Вашето дете. Можете да менувате разновидни салати, сварен или свеж зеленчук, но секогаш послужете барем едно со секој оброк. Вашето дете на почетокот можеби нема да го јаде, но кога ќе забележи дека зеленчукот е стандарден дел од појадокот можно е дека ќе се обиде да го изеде.

Бидете добар пример

Покажете им на Вашите деца дека зеленчукот е вкусен, полнејќи ја Вашата чинија со зеленчук.

Бидете креативни

Во ред, ова е малку итро, но делува! Децата ги сакат шпагетите, па затоа ставете неколку парчиња зеленчук ( на пример брокула, пиперка, карфиол ) и исечкајте ги на ситно. Додадете ги во сосот за шпагети за да добиете здраво јадење.

Но потрудете се да не претерувате и да не ставате премногу зеленчук, затоа што би можел да се смени вкусот на сосот. Трикот е во тоа да почнете полека и постапно да го зголемувате количеството на зеленчукот.

Мафини со зеленчук

Додадете ситно исечкан морков или тиквички во Вашиот стандарден рецепт за мафините. Мафините од банана и морков се вкусни, а исто така се вкусни и мафините од тиквички со чоколаден чипс. Можете да направете и мафини од тиква, или пита од тикви. Ова е одличен начин како на децата да им дадете вкусно благо јадење, и да ги поттикнете да изедат добро количество на зеленчук.

Правилото на еден залак

Можете да поставете едно правило. Дури и ако децата не го сакаат изгледот на зеленчукот мора да изедат барем еден залак. Доколку и тогаш не им се допаѓа, тогаш не мора да го изедат. Ова правило ги поништува кавгите во врска со јадењето, а на децата ќе им се допадни храната откако ќе ја вкусат. Обидете се, можеби ќе бидете пријатно изненадени колку различен вид на храна Вашите деца во суштина сакаат да јадат.

loading...
Сподели