prvaceДојде и оној ден кога вашето дете треба за прв пат да тргне во училиште.

Првиот училишен ден е многу важен ден за вашето дете. Внимавајте и потрудете се правилно да го усмерите вашето дете токму на овој ден, за подоцна да немате проблеми со одењето во училиште, учењето, наоѓање на другарчиња, уклопување во средина и слично.

Еве неколку совети за мајките :

1. Разговарајте со вашето дете, видете како тоа гледа на училиштето и првиот ден.

2. Раскажете му приказна на вашето дете за училиштето, пробајте со приказната да му доловите дека училиштето е интересно место каде што ќе си најде другарчиња, ќе научи нешто и ќе се забавува.

3. Во никој случај немојте  вашето дете да го исплашите дека ќе има лоша учителка, мора многу да учи, мора да биде мирно дете за да не го караат. Во ваков случај можете да добиете спротивен ефект и детето да не сака да оди на училиште.

Сподели