Посетата на стоматолог е задолжителна ако имате болен заб или проблем со џвакање. Профилактичките прегледи се исто така многу важни, но кога станува збор за забен камен, можете сами да се справите дома.

Можете да користите природни состојки за да ги исчистите забите и да го вратите нивниот сјај.

Некои од најдобрите методи се:

Движење на четката

Станува збор за квалитетно четкање на забите, а не за внесување сила при четкањето. Секогаш измијте ги забите после оброк, но без притисок. Американската стоматолошка асоцијација вели дека ова е најдобро решение. Држете ја четката под агол од 45 степени спрема непцата.

Сода бикарбона 

Со сода бикарбона може да го отстраните забниот камен. Ставете сода на влажна четка за заби и потоа тријте ги забите. Можете исто така да додадете и малку сол.

Јаболков оцет

Јаболков оцет е исто така неверојатно средство за отстранување на забниот камен. Потопете ја четката во јаболков оцет и со неа истријте ги забите. Потоа исплакнете ја устата со вода за да спречите оштетување на емајлот.

Течност за чисти и здрави заби

Потребни ви се 4 супени лажици сончогледово семе, 4 лажици липа, 1 литар вода. Измешајте ги сите состојки и варете ги на ниски температури 30 минути. Мијте ги забите со оваа напивка после секое јадење.

Сподели