Омилен предмет во секојдневието на секое бебе е неговата цуцла. Таа е нивната најголема занимација со к0ја заспиваат и со која се будат. Но, како поминува времето и вашето бебе расте, така доаѓа и периодот кога мора да го одвикнете од неговата омилена забава. Дуро сега доаѓаат тешките денови и за мајката и за бебето.

cucla-bebe-1

Стручњаците советуваат дека најубаво време да го одвикнете вашето бебе од цуцла е помеѓу 4 и 6 месеци  кога престануваат грчевите во стомачето и кога нагонот за цицање е намален.

Постојат и некои позитивни карактеристики за користењето на цуцлата. а тоа е ако бебето е плачливо или нервозно, оваа интересна занимација може да го смири. Потоа многу бебиња уживаат додека смукаат нешто, но затоа никогаш немојте хранењето на бебето да го замените со давање на цуцла. Таа  на многу бебиња им помага да заспијат.

Како што постојат позитивни, така постојат и негативни страни на цуцлата. А тоа е ако рано му дадете на бебето цуцла, може да има проблеми со доењето. Чувството кое го има бебето кога ја смука цуцлата и градата на мајката е различно, па кај некои бебиња тоа создава проблем за да научат како да се дојат. Заради оваа причина не се препорачува да му ја дадете омилената занимација на бебето, се додека не наполни еден месец.