Јачменокот е цврст  израсток со црвена боја, кој може да се јави на капакот или под окото. Личи на зрнце и прави болка, иритација и сврбење на окото.

Во внатрешноста е исполнето со гној, и после неколку дена се повлекува. Но за да избегнете да дојде до појава на јачменок, можете да користите и многу природни лекови.

Причината поради која доаѓа до ова, е бактеријата стафилокока, која се појавува доколку нема доволно хигиена .Може да дојде до појава и поради хормонски промени кои настануваат во текот на лекување или во менструалниот период. Стресот, прекумерното работење и анксиозност, исто така можат да бидат причина за да се појава јачменче.

Корисни совети: не го стискајте, не нанесувајте шминка додека го имате и доколку природните лекови, денеска што ќе ви ги напишаме не ви помогнат, обратете се на лекар. Немојте да го чешете подрачјето околу него, доколку носите очила пробајте да не ги користите, не фаќајте се за окото, користете посебен пешкир и сапун.

Природно лекување:

1. Измијте еден лист блитва и загрејте ја во тавче едно 5 мин.Оставете да се малку излади и блитвата ставете ја на окото, да седи половина час. Повторувајте го овој процес трипати на ден, се додека не дојде до повлекување на јачменокот.

2. Згмечете неколку свежи листови нане и ставете на окото. Држете 5 мин и потоа исплавете го.

3. Излупете еден компир, исечете го на крукчиња, и во текот на денот ставете неколку пати на окото, се додека не се исуши.

4. Земете лист од алое, исцедете го и со помош на вата ставете на јачменокот.

5. Направете чај од една рака листови од багрем и една чаша вода. Кога чајот ќе се излади, натопете вата во него и ставете ја на окото да стои 10 минути.

6. Чајот од камилица исто така помага за јачменокот. Сварете го, направете облога и ставајте на окото најмалку 4 пати на ден.

 

Сподели