Најчестиот облик на ангина доаѓа од бактеријата стрептокока. Воспалението започнува со црвенило, гребење, а потоа се создава гној, кој може да предизвика висока температура, омалаксаност и да предизвика болест која же трае неколку дена.

Секогаш е препорачливо инфекција на грлото да се третира веднаш, затоа што освен температурата и општата немоќ, ваквите бактериски инфекции можат да предизвикаат и разни компликации.

Конвенционалното лекување претпоставува земање антибиотска терапија, а кај посериозни случаи и инјекциска терапија, а неретко матичниот лекар може да предизвика и хоспитализација.

Болеста трае сè додека гнојниѕте чепови не испукаат и грлото не се ослободи од бактеријата.

Покрај редовната терапија и посетата на матичен лекар, постојат и разни природни начини за решавање на болката во грло и елиминирање на бактеријата која предизвикува гнојна ангина.

Еве еден природен лек, за кој некои кои го пробале велат дека е толку ефикасен, што проблемот им го решил и за неколку часа!

Потребни состојки:

  • 1 голема главица цвекло
  • 9% алкохолен оцет

Подготовка:

Цвеклото се блендира и му се додава алкохолниот оцет. Количината на оцет, зависи од големината на цвеклото. За цвекло кое тежи 250 грама, се додава 1 лажиче оцет.

Содржината добро се меша и сè остава да се одмори 20 минути.

Со овој моќен лек се прави гаргара на секои 2 до 3 часа.

Гаргара исто така може да се прави и со:

– Мешавина на сода бикарбона и сок од лимон.

– Мешавина од сок од лимон, сол и мед, се става на влажен памук и потоа со прст се притиска памукот до загноеното место.

Овие совети, може да ви помогнат да се ослободите од инфекција на грлото, но во секој случај, посетете го и вашиот матичен лекар!