zabni nepcaБолките во забното месо можат да се ублажат со посебни препарати за таа намена, кои обично содржат локален анестетик и најчесто се во форма на гел или раствор. Обидете се и со почесто плакнење на непцата и нивно благо масирање. Вистинското решение лежи во борбата против забните наслаги.

Тие треба да се контролираат со редовно одење на забар и со темелно четкање на забите (употребувајте меки четки и обрнете внимание на граничното подрачје помеѓу месото и забите), како и на чистењето на забите со забен конец. Доколку редовно се практикува темелната орална хигиена, потешкотиите со забното месо можат да се избегнат.

– За да се намали болката и отокот, се препорачува плакнење на устата во времетраење од триесетина секунди со солена вода ( една лажица сол во чаша млака вода).

– Устата може да се исплакне и со хидроген пероксид, разреден во еднаква количина на топла вода. Како и солта, хидроген пероксидот ја ублажува болката и учествува во уништувањето на бактериите.

–  Намачкајте го забното месо со паста од сода бикарбона и вода. Содата ги уништува микроорганизмите и ја неутрализира киселината, која се излачува, иако премногу бикарбона може да го оштети нежното забно месо.

 

loading...
Сподели