Како да ги избегнете опасностите во лето?

opasnosti od letoto

Одморот се наближува, а Вие не сте ја достигнале идеалната фигура, па вежбате толку напорно, што на крајот ќе си заработите повреда. Интензитетот на вежбите треба да се зголемува до најмногу 10 проценти секоја недела. Пречекорувањето на оваа граница може да Ви донесе сериозни компликации.

Одете пред да трчате

Не џогирајте по терен што претходно не сте го изоделе (особено ако се работи за нерамен и непредвидлив терен). На тој начин можете многу лесно да се лизнете и да ја шинете ногата.

Чистете

Пикник-масите со остатоци од зашеќерените пијалаци и разни видови храна е рај за оси, пчели и најразлични други инсекти. Доколку Вие или некој од блиските страдате од алергии на инсекти, одржувајте ги масата и приборот колку што можете почисти.

Останете непривлечни

Ако имате проблеми со инсектите, направете сè што можете да останете непривлечни за нив – облеката со живи бои и парфимираните производи се она што ќе ги поканат на Вашата кожа.

Убод од инсект? Реагирајте веднаш!

Прво нешто што треба да направите е да посегнете по мраз или најстуденото нешто што го имате при рака и да го искористите како облога, што отокот ќе го одржи на минимум. Ако во меѓувреме започнете да се исфрлате на места по телото што се далеку од убодот, а отокот нагло нарасне, тоа можеби е знак за потешка алергиска реакција и веднаш треба да побарате лекарска помош во близина или да повикате брза помош.

Одржувајте ја храната свежа

За да спречите појава на бактерии на храната при одење на пикници, излети или во викендичка, храната што лесно се расипува треба да ја пренесувате одржувајќи ја на пониска температура, до 5 степени целзиусови.

Advertisement