Сите кои веруваат дека чаша чај делува најдобро при висок крвен притисок, не се во право – парче чокалодо е далеку поефикасно, тврдат германски експерти.

Секоја храна богата со какао, го намалува притисокот многу повеќе отколку што чаша зелен или црн чај би можеле. Резултатите покажале дека какаото го намалува ризикот од срцев удар или други проблеми со крвоносните садови. И какаото и чајот содржат полифеноли – хемиски соединенија, за кои е познато дека имаат изразен позитивен ефект на срцето и крвните садови.

Но во какаото полифенолите се друг тип – процианиди кои се поефективни. Полифеноли има и во овошјето и зеленчукот. Затоа во моментов најпопуларна препорака за луѓето кои имаат проблеми со срцето е да употребуваат вакви намирници во поголеми количини.

Но треба да се нагласи дека какаото е побогато со полифеноли и е доста поефикасно – тврдат германските експерти.

loading...
Сподели