Какаото дава енергија и потпомага во лекување на…

Какаото е едно од најздравите овошја кои човекот ги конзумира. Цивилизациите на Маите и Ацтеките го сметале како храна на боговите поради чудниот плод што го има.

Какаото во себе содржи толку аксиоксиданси  како зелениот чај ,виното и шумските плодови заедно. Ниту една храна не содржи толку многу магнезиум  како какаото, па не е ни чудо што жените околу и за време на мензисот посегнуваат по чоколада. Магнезиумот е поврзан со балансираните хемиски реакции на мозокот, силните коски, контракциите на мускулот и срцето и среќата – познат е и како среќниот минерал. Тој во себе содржи многу витамин Ц калциум, цинк, железо, бакар, сулфур и калиум.

Со се ова што го има во себе, какаото потпомага за лекување на многу болести:

  • Ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата,
  • го спречува згрутчувањето на крвта,
  • го регулира крвниот притисок,
  • го намалува холестеролот,
  • го балансира шеќерот во крвта и штити од инфаркт,
  • луѓето кои страдаат од анемија не смеат ни да замислат да не користат какао,
  • дава енергија и помага за намалување на тежината на човекот.

Суровото какао содржи и високо ниво на рhenylethylamine, состојка позната и како „љубовна хемикалија”, бидејќи нашето тело ја произведува кога сме заљубени. И можеби токму оваа состојка ја објаснува длабоката врска помеѓу љубовта и чоколадото!

Advertisement