Кајсија за кадифена кожа

кајсијаКајсијата е корисно овошје и природен лек за превенција и лечење, па препорачуваме: свежо овошје,сокови, но и неговите семки. При големите жештини, после обилното потење, кајсијата на организмот му ги надокнадува изгубените течности, но и витамините и минералите.

Во козметиката, состојките на кајсијата се користат за правење на разни креми за нега на кожа, а цветот за производство на некои врсти на парфем. Ако сакате да имате убав тен и кадифена кожа на телото, ставете еден литар свеж сок од кајсија во кадата која е полна со вода и искапете се.

На ранг листата на хранливоста и лековитоста, кајсијата меѓу овошјето го зазема доброто трето место, па уште се нарекува и овошје на здравјето. Пред неа, според лековитите својства се јаболкото и црешите.

Advertisement