Каде има најмногу бактерии во нашиот дом?

cetka za zabi
Без разлика колку и да ја чистите куќата, штетните микроби и бактерии демнат од места, во кои никогаш не сте сомневале. Четката за заби во бањата и копчињата на рерната во кујната се едни од најзагадените места во вашиот дом, кои често ги занемарувате кога чистите.

Ова води до акумулација на многу невидливи нечистотии. Изненадувачки во кујната, највалкан е апаратот за кафе. Затоа треба да го чистите на секои шест месеци, вклучувајќи ја и целата кафе машина. За да го исчистите како што треба,  најдобро е да користите оцет. После целата процедура, добро исплакнете со вода.

Исто така, скриени микроби можат да се најдат и во чинијата за храна на домашното милениче. Во бањата најпријатно место за бактериите е шољата и ѕидовите кои ги игнорираме при вообичаеното чистење. Не заборавајте дека микроорганизмите сакаат темни и влажни места.

Во дневната, бактериите најмногу ги има на далечинскиот управувач  и копчето за вклучување на ламбата. Иако не верувате, но вашето далечинско е по  валкано и од тоалетот. Затоа редовно чистете го со антибактериски спреј.

Advertisement