Здраво на сите! Се викам Јасмина и живеам во Тетово. Имам 23 години и од дете се борам со килограмите.

Се обидував со разни диети, некогаш имаше успех, но најчесто не. Симптоматично беше тоа што дури и да намалев некој килограм, со некоја од диетите, по завршувањето на истата, килограмите се враќаа.

Живеам во маало со повеќе конфесии. При една посета на мојата другарка од средно, Ѓултен, нејзината тетка која беше дојдена на гости од Турција ми предложи еден рецепт за Турски ориз за слабеење.

Ми рече дека овој рецепт/диета во Турција е многу популарен и многумина успеале да ги намалат килограмите.

Немав што да загубам, па и го побарав рецептот. Ми го даде рецептот и ми напомена дека овој ориз, треба да се јаде секој втор ден!

Луѓе, ова делува! Барем кај мене. Незнам, можеби затоа што оваа диета е долготрајна, а истовремено не е измачувачка, нема гладување…

Еве го рецептот

Потребни состојки:

  • 100г Ориз, најдобо интегрален
  • 50г Ѓумбир
  • Маслиново масло, не повеќе од 1 лажица
  • 1 зелена пиперка
  • 1 кромид
  • 2 моркови

Подготовка:

Прво во тенџере со вода се става да се вари оризот, класично. Кога оризот ќе ја впие целата вода, се остава на страна половина час, да се олади.

Во друго тавче се става маслиновото масло и се продинстуваат кромидот, пиперката, морковите и ѓумбирот. Се додава многу малку сол, колку за вкус.

Кога зеленчукот е омекнат, му се додава оризот и се исклучува од оган.

Се консумира два пати дневно, за ручек и навечер. Вечерната порција, треба да биде половина од онаа за ручек.

За една недела, ќе видите неверојатни резултати и промени на вашето тело!

Сподели