Јапонското јаболко е најубаво во зимските денови. Тогаш неговите листови опаѓаат, па на голите гранки остануваат портокаловите плодови.

Посебно интересен е податокот дека на некои дрва, јапонските јаболка достигнуваат тежина и по 400 грама. Тоа што е најважно е дека ова јаболко е богато со витамин Ц, и со тоа овие плодови се одлични за јакнење на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот.

Освен витамин Ц, тоа е богато и со билни влакна па помага и во намалување на нивото на холестерол и регулирање на варењето. Тоа исто така изобилува и со фруктоза, па се препорачува за оние кои имаат високо ниво на шеќер во крвта.

Флавоноидите кои ги содржи го прават овој плод одличен за превенција на кардиоваскуларни заболувања.

Тие исто така го штитат и нашето тело од влијанието на слободните радикали. Во источната медицина, јапонските јаболки се користат како помош во лечењето на воспаленијата на цревата, хемороидите, болестите поврзани со желудникот, жолчката и црниот дроб. Исто така, се користи и како лаксатив, а е познато и по своите антибактериски и антибиотски својства.