Јагодите во служба на убавината

Ги сакаме џемовите од нив, уживаме во сладоледите од јагода, но најчесто ги користиме сурови. Ова ароматично овошје преставува вистинско задоволство за јадење и ги буди сите наши сетила! Токму така дејствува и на нашата кожа. Затоа денеска ќе ви напишаме две маски за чистење на лицето:

Прва: Потребно: 6 јагоди,киви,половина свежа краставица. Кивито и краставицата исчистете ги, па изблендирајте ги со јагодите, за да добиете пире. Доколку смесата ви изгледа прилично течна, додајте лажица сомелени овесни снегулки или густин.Маската нанесете ја на лицето, нежно масирајки ја кожата на лицето и на вратот.По десет минути измијте ја со вода.

Втора: Потребно: 3 јагоди, лажиче мед, 5 лажици павлака. Јагодите изгмечете ги, па помешајте ги со другите состојки. Маската нанесете ја на лицето, почекајте 20-30 минути, а потоа измијте се.

Advertisement