Јадете сусам, полн е со здравје!

susamСусамот треба да се конзумира одвреме навреме бидејќи е одличен прочистувач на органите за варење. Исто така, делува и кај оние кои имаат нередовна столица, а одличен е и во отстранувањето на цревните паразити и лечење на хемороиди пропратени со болка и крварење.

Тој е одличен извор на бакар, манган, калциум, магнезиум и селен. Се смета дека го забавува стареењето, а неговот масло го намалува нивото на лошиот холестерол и го намалува ризикот од некои видови на рак. Исто така, помага при регулирање на крвниот притисок.

Многу значаен производ е и за женското здравје. Калциумот од сусамот ги намалува болките и грчевите во нежните мускули и на тој начин ги олеснува тегобите од ПМС. Особено е важен во исхраната на трудниците бидејќи има седум пати повеќе калциум од млекото, а познато е дека на жените во бременоста често им пропаѓаат забите.

Scroll To Top