Corn on the CobПченката изобилува со прехранбени влакна, кои го намалуваат холестеролот. Фолната киселина на овој зеленчук го чува здравјето на крвните садови, додека витаминот Б1 пак е особено важен за добрата и правилна работа на мозокот.

За време на варењето или печењето, пченката ослободува молекули кои го штитат организмот од влијанието на слободните радикали. Тоа ја зголемува антиоксидативната моќ на оваа житарката, која штити од рак, срцеви заболувања, катаракта и Алцхајмеровата болест.

Иако пченката можеме да ја јадеме во текот на целата година, сепак онаа која ја  јадеме кон почетокот на есента содржи најмногу хранливи материи. Универзалното мислење дека сировиот зеленчук е подобар од варениот, не важи и за пченката. При термичка обработка, пченката ослободува молекули со антиоксидативна моќ, што дополнително ја подобрува нејзината заштитна моќ.

loading...
Сподели