Јаболкото – чувар на вашето здравје

Секое овошје има своја скриена моќ, кое дава сила, енергија и многу здравје. Секојдневното конзумирање на една до две јаболка дневнои веќе сте отишле чекор напред кон подобро здравје. Јаболкото кое, како што многу веруваат, на нашата трпеза дошло директно од рајот. Тоа не е само симбол на грев, страст и љубов, туку и симбол на вечна младост. Јаболкото, благодарение на состојките кои ги содржи во себе, е многу здрава намирница. Иако, со него не можеме да излечиме ниту една болест, сепак со неговото секојдневно консумирање можеме да спречиме појава на многу здравствени проблеми и заболувања.

Јаболкото е навистина права ризница на состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Во зависност од сортата, 100 g јаболки содржат околу 85 g вода, 10,9 g јагленохидрати, и 3 g растителни влакна. Во јаболкото има и 40 mg витамин Ц, потоа витамини А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета-каротин. Јаболкото содржи и минерали, многу калиум (100 до 180 mg), потоа калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Благодарение на големата количина на јагленохидрати, посебно на фруктоза и гликоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија и го спречува заморот и губитокот на концентрација. Иако некои сорти на овошје се многу побогати со витамин Ц, благодарение на комбинацијата на овој витамин со минералите и другите корисни состојки во јаболката, таа го јакне имунолошкиот систм на организмот и многу е ефикасна во борбата против вирусите, бактериите и штетното делување на слободните радикали.

Поради своите корисни состојки, јаболкото штити од настинка, а во борбата против малигните заболувања, докажано е, на пример, дека го намалува ризикот за развој на рак на дебело црево.
Каротинот од јаболкото штити од влијанието на штетните УВ- зраци. Покрај тоа што содржи пектин и целулоза, исто така го регулира варењето на храната во дигестивниот тракт, ја стабилизира цревната флора, па помага при потешкотии во варењето, посебно при пролив или запек.

Јаболкото позитивно делува и на срцето и на крвните садови. Го спречува натрупувањето на штетните материи во крвта, го намалува нивото на зголемениот холестерол во крвта и го спречува зачепувањето на крвните садови, што го намалува и ризикот од тромбоза и атеросклеоза. Јаболкото позитивно делува и на работата на срцето.
Бидејќи јаболкото содржи многу калиум, тоа го поттикнува излачувањето на вишокот на течности од организмот. Често се користи и во многу диети за намалување на телесната тежина. Јаболкот е богато со влакна кои набубуваат во желудникот и ствараат чувство на заситеност, а со тоа го  намалуваат апетитот. Јаболката е неодминлива во сите диети, со цел намалување на килограмите.

Јаболкото позитивно влијае и на бубрезите, црниот дроб, жолчката и жолчните патишта. Поради своите својства, тоа е додатно природно средство за ублажување на различни тегоби и се користи во исхраната на болните. Така, се користи при болести на мочниот меру и мочните патишта, при шеќерна болест, болести на срцето и крните садови, бубрезите и црниот дроб.
Здравото овошје, поради тоа што содржи калциум и фосфор, позитивно влијае и на коските и забите. Флуорот од јаболкото го спречува кариесот на забите и ја одржува нормалната усна флора. Со џвакањето на јаболкото се чистат забите и се уништуваат штетните бактерии во усната шуплина.

 

Advertisement