Силниот имунитет е многу важен со цел да се заштити телото од вируси и разни болести. Доволното внесување на витамини има корисен ефект врз целиот организам и може значително да го зајакне имунитетот.

Нутриционистите советуваат тие да бидат внесени преку храна или пијалоци, а доколку препорачаната дневна доза не може да се исполни на тој начин, само тогаш треба да се посегне по додатоци во исхраната.

Ви претставуваме рецепт за домашен пијалок кој ја враќа енергијата и има корисен ефект врз имунитетот:

Состојки:

  • Шоља топла (не врела) вода
  • 1 см свеж, изрендан ѓумбир
  • сок од половина лимон
  • Половина лажичка бибер
  • Половина лажичка цимет
  • Половина лажичка каранфилче
  • Половина лажичка куркума
  • Лажица мед

Подготовка и примена:

Измешајте сè и оставете го да стои неколку минути. Потоа процедете и пијте по малку во текот на денот.