
Се чувствувате некако скршено, уморно и безволно? Можеби е време да ја проверите крвната слика.
Но пред да направите контрола на крвта обидете се на природен начин и со природни состојки сами да го подобрите вашето општо здравје и крвната слика.
За вашата крвна слика да биде подобра, овој сируп е доволно да се консумира два пати годишно. Од овој рецепт ќе добиете околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена.Сирупот пијте го секое утро на празен стомак, додека не ја испиете добиената количина.
Состојки:
- 1 кг цвекло
- ½ кг моркови
- сок од еден лимон
- 2-3 портокали
- 2 кисели јаболки
- 500 гр мед (ливадски)
Подготовка:
Цвеклото, морковот и јаболките исецкајте ги на мали парчиња, ставете ги во соковник и исцедете сок. Од лимонот и портокалот рачно исцедете сок и помешајте го со претходно добиениот сок.
На крајот додадете го медот, најдобро е тој да е ливадски. Се добро измешајте за медот да се стопи и соедини со сокот.
Количината на портокали може да биде и поголема, бидејќи тие главно се додаваат за и мирис. Готовиот сируп ставете го во стаклени шишиња. Се добиваат околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена.
Сирупот пијте го секое утро во количина од 1 децилитар на празен стомак, додека не ја испиете целата количина.