e94016aa828ba7888ce721de48a74c66

Стрес, депресија, нервози, напорен ден се неколкуте работи кои влијаат на вашето расположение и на тоа како вие се чуствувате. Излезете од монотонијата и направете нешто интересно, нешто што ќе ве направи среќни и ќе ви го задржи вниманието, а воедно и ќе се чуствувате прекрасно.

Еве како на пример:  да ја преуредите  вашата спална соба. Избегајте од белите и секојдневни ѕидови. Внесете разнобојност и интересни детали кои ќе влијаат позитивно на вашето расположение. Исфарбајте ги зидовите во една боја. Постелнината на креветот и малото тепихче веднаш до креветот ставете ги во друга боја. На прозорите закачете некоја мала и со впечатлива боја завеса.

Ѕидот на креветот можете да го исцртате или да го излепите со самолепливи фигури или мали тапети кои ке го направат ѕидот поинтересен. Со ваква мала промена можете многу да влијаете на вашето расположение, а и воедно вашето катче ке го направите прекрасно место за релаксирање.

loading...
Сподели