Лекарите секојдневно ја истакнуваат важноста на масажата и само-масирањето бидејки масажата има повеќекратни позитивни ефекти. Една од техниките со кои можеме да си подариме здравје е масажа на стапалата. Прочитајте како со масажа на стапалата до подобро здравје.

Како масажата помага?

Со помош на масажа се подобрува циркулацијата на крвта, се отстранува секрецијата од лојните и потни жлезди, се отстрануваат поткожни масни ткива и масти, се зајакнува метаболизмот, односно се забрзува протокот на хранливи материи во ткивата, оксидацијата на ткивата е подобрена и отоците од лимфите исчезнуваат, а кожата добива посилен тон, станува еластична, изгледа поздраво и има помлад изглед.

Кондицијата или издржливоста на мускулите кои го движат нашето тело многу зависи од позицијата и изгледот на мускулот. Масажата влијае на нозетe со тоа што ги стега, односно тие се намалуваат, а потоа стануваат појаки, но релаксирани, бидејќи масажата го отстранува талогот на млечната киселина која често пати доведува до грчеви и болки во мускулите. Освен тоа масажата го потпомага дигестивниот систем полесно да работи, но исто така е добра воопшто за целокупното здравје.

Кои делови од стапалата треба да се масираат?

Познато е дека со масажа и притисок на делови од стапалото, не само што може нешто да се намали туку и да се излечи болка! На фотографијата подолу можете јасно да видите кои делови од стапалата треба да се масираат за лекување на одредени органи.

Масажата треба да се прави пред спиење и се препорачува да ви стане секојдневна рутина. Една масажа треба да трае од 10 до 15 минути.

Ако веќе страдате од одредена болест, може да си помогнете со помош на мсажа на конкретни точки од стапалото. Треба точно да знаете каде да вршите притисок или уште подобро правете масажа на целото стапало за подобрување на фунцијата на целиот оргнизам.

Сподели