Според најновите истражувања, ако секој ден јадеме по една рака ореви, тоа е одличен начин да го заштитиме срцето од срцеви заболувања.

Само четири часа појадењето на оревите или пиењето на масло од орев, се подобрува нивото на холестерол и флексибилноста на крвните садови, откриваат докторите. Редовното консумирање на ореви е клучно за максимално уживање, тврдат научниците.

Односно, единствено ако јадете неколку ореви четири денови во неделата, можете значајно да го намалите ризикот од срцеви заболувања. Меѓутоа, ова истражување не е единствено кое смета дека оревите се суперхрана корисна за организмот. Уште во минатото, старите Римјани сметале дека оревите го зголемуваат либидото. Древните Британци лечеле ментални болести со ореви, сметајќи дека оревите се добри за мосокот поради нивниот изглед кој многу потсетува на изгледот на мозокот.

Сподели