Најголем кошмар за секоја жена е во јавноста да се најде со размачкана шминка, со премногу истенчени веѓи или со траги од кремата за самопотемнување.

За среќа, постојат многу поедноставни начини да се спасите од срамот, само треба да ги научите вистинските трикови.

Несоодветна подлога за шминка

Жените имаат најразлични тонови на косата, од најсветли до најтемни. Погрешната подлога за шминка е најголемиот непријател на беспрекорниот изглед на жената.

Затоа никогаш не треба да се посегне по подлога која премногу влече на розово или која е премногу светла. Дури и ако сте по природа многу бледа, таквиот изглед ќе ве направи смешна или старомодна. Подлогата се користи за да ја неутрализира подлогата на кожата, а не да создаде нов тон.

Идеално решение е да се користат две подлоги, една за зима, кога кожата е природно побледа, а другата во лето.

Подрасната коса

Без оглед дали подраснатата коса е црна или руса, или пак наѕираат бели влакна – тоа никогаш не изгледа добро. А, кога подраснатата коса ви е мрсна, е тогаш предизвикува најзачудено погледи во околината.

Затоа никогаш немој да дозволите да се движете надвор со таква „фризура“, за да не ги предизвикувате љубопитните погледи на околината.

Изгрицкани нокти

Во текот на зимата ракавиците ги сокриваат рацете, но што ќе биде на лето кога ќе треба да се налакирате и да излезете да прошетате?

Ноктите ви се хорор, но затоа ваша е одлуката дали ќе го дозволите тоа или ќе преземете нешто за да го решите проблемот со грицкањето нокти. Како што советуваат познатите маникири, секогаш најдобро е да нанесете лак во посилна боја, кој ќе го одврати вниманието од вашите несредени нокти