00030938Мажите со повисок коефициент на интелигенција изневеруваат помалку, односно ценат повеќе моногамија, тврдат последните направени истражувања.

За да го потврди тој заклучок, менаџерот на проектот д-р Сатоши Каназава од Лондонската школа за економија и политички науки прави две големи истражувања поврзани со социјалното однесување и IQ-то на илјадници адолесценти и возрасни. Според истото истражување, конзервативците се пониско интелигентни од либералите .

Експертите сметаат дека интересот за благосостојба на различните социјални групи и моногамијата кај мажите се знак за повисока интелигенција. Докажано е дека мажите кои имаат повисок степен на интелегенција, многу поретко ги изневеруваат своите сопруги.

Интересно е дека интелигенцијата кај жените нема врска со верноста – паметни или не, тие скоро секогаш сакаат да имаат само еден партнер.

loading...
Сподели