lek so limon
Парадентозата е болест на забното месо, која се развива полека: поради погрешна исхрана, недоволна хигиена на устата, како и наследен фактор. Еден од почетните знаци на парадентоза е повремено крварење на непцето при миење на забите, како и воспалување на непцата.

Доколку не се лекува, воспалението се шири, а парадентопатијата напредува. Се формираат парадентонални џепови (простор меѓу воспаленото непце и коренот на забот), кои се најважен знак за парадентопатијата.

Хроничното воспалување во џеповите на непцата со текот на времето доведува до оштетување на меките ткива и настанување на мали ранички. Преку нив бактериите лесно стигнуваат во крвта.

Според најновите истражувања, утврдено е дека воспалувањето на непцата двојно го зголемува ризикот од инфаркт, како и од мозочен удар.

Речиси секој може да заболи од парадентоза, но сепак докажано е дека во некои семејства постои пречувствителност. Ризикот се зголемува кај лицата кои имаат послабо лачење на плунка. Денеска ќе ви напишаме едно искуство на Германец кој ја победил парадентозата со користење на лимон. Неговите кажувања се:

“Ја излекував парадентозата и сакам да ја споделам со вас. Мојот забар остана запрепастен кога виде како оди моето лекување, со мојот лек. Лекот е многу едноставен, ефтин и природен. Тоа е сок од лимон. Последните шест месеци, пиев сок од лимон со вода, околу 2-3 лимона секој ден. Само го пиев, не го задржував во устата. Тоа го прави целото тело алкално, што е прилично необично, бидејќи лимонот е кисел. Бактеријата која ја создава парадентозата, не сака алкална средина и ја снемува, а со тоа и самата болест. Забното место станува посветло, цврсто, а џеповите кои се формираат околу забите , стануваат се помали. ”

И, од таа причина, не без потреба, нашиот народ вели: Лекот е без пари! 

 

 

 

loading...
Сподели