Исхрана на бебето од 6 до 9 месеци

bebe sto jadeПериодот од шестиот до деветиот месец преставува период на брз развој на башетобебе. Бебето од шест месеци се уште треба да се држи во раце додека го храните и најчесто сеуште нема заби. Меѓутоа, бебето од девет месеци обично веќе може да седи само во детското столче, а исто така веќе ги има и првите запчиња. Бебињата кои наполниле осум месеци сосема добро можат да ја дофатат храната, па поради тоа, уживаат кога јадат ситни намирници, како што се тестенините, парчиња свеж или варен зеленчук и парчиња свежо овошје. Џвакањето на парчиња јаболко помага во ублажување на болките на непцата, меѓутоа никогаш не го оставајте бебето само додека јаде: бебињата имаат навика да џвакаат поголеми парчиња храна, а потоа да ги држат во устата без да ги голтнат, па многу лесно може да дојде до појава на давење.

Advertisement