Интернетот полуде по алкалната вода- се прави од три состојки, а го чисти телото од токсини и го зајакнува имунитетот

Поради нездравата храна и навики, повеќето луѓе го киселат организмот, што може да резултира со замор, главоболка, проблеми со варењето и намалување на имунитетот, а со тоа и некои сериозни болести.

Иако нашиот организам преку чистење низ бубрезите и белите дробови настојува да ја одржи рН рамнотежата, а кога ќе ги осетиме тие симптоми, можеме да си помогнеме со конзумирање на алкална вода.

Тоа е многу подобар избор од сода бикарбона, која луѓето често ја користат, бидејќи премногу брзо ја менува pH вредноста, а не делува на долгорочно.

Инаку, кај здрав организам, pH на крвта се движи помеѓу 7,35 до 7,45, што е лесна алкална средина, но некои делови од телото природно имаат поинаква pH, па ни со намалување на киселоста на телото не треба да се претерува. Алкална вода можете да направите многу едноставно!

Во 1,5 до 2 литри вода, исечете два лимонисо кора, што значи дека треба да биде од органско производство. Додадете една лажица хималајска сол и оставете да отстои преку ноќ, од осум до 12 часа, потоа пијте две чаши наутро пред појадок и една навечер пред спиење.

Не е потребно да ја испиете целата вода која што сте ја подготвиле во текот на еден ден, за да не претерувате со вкупниот внес на течности, но добро е да испиете помеѓу половина литар и литар дневно.

Водата можеме да ја пиете редовно, секој ден, особено во текот на летните денови, бидејќи освежува, а можете да ја пиете и само повремено, кога ќе осетите зголемен замор, пречки со варењето и слично.

Ваквата вода му овозможува на телото да се алкализира побрзо, односно да воспостави баланс на pH во телото и да го одржи долго време и ќе дејствува превентивно против голем број проблеми.

Меѓу другото, ќе спречи формирање на бубрежни камења и развој на низа болести кои се поврзани со здравјето на бубрезите и задржување на отрови во телото.

Advertisement