Половина од пациентите со претрпен инфаркт чувствувале рани знаци пред срцето да престане, предупредија научници од Институтот за кардиологија во Њујорк.

56% од мажите на средна возраст, кои претрпеле срцев удар велат дека повеќе од месец пред тоа ги почувствувале предупредувачките знаци на организмот. 30% имале проблеми со дишењето, а 4% се пожалиле од вртоглавица додека 50 отсто од пациентите  чувствувале болка во градите.

Експертите советуваат дека треба да обратите внимание на сигналите кои ви ги дава вашето тело, да ги препознаете знаците и да преземете мерки, пред да настапи посериозна состојба, пишува БГНЕС.

Сподели