Ако сакате да блеснете со својата појава, односно со косата, нахранете ја од сопствената домашна работилница. Употребете продукти кои ги имате дома и ќе постигнете прекрасен изглед.

Маска од тиква

Тиквата одлично ќе ја нахрани косата, бидејќи е богата со витамин А и калиум поради што благотворно дејствува на темето и на растот на косата. Во сад ставете две шолји пасирана варена тиква, додадете мала лажичка масло од кокос, лажичка мед и лажичка јогурт. Состојките измешајте ги и нанесете ги на влажна коса. Оставете ја маската да дејствува 15 минути и потоа измијте ја со шампон.

Оцетот ја отстранува маснотијата

За да и дадете на вашата коса повеќе живот, измијте ја со мешавина од една чаша јаболков оцет и чаша млака вода. Потоа измијте ја косата со шампон за да го отстраните непријатниот мирис. Оцетот ќе ја исчисти целата нечистотија и вишокот природни масла од скалпот, а ќе го спречи исушувањето на косата.

Шампањското го враќа сјајот

Шампањското прави чуда за косата, особено за русата затоа што создава златен сјај, а не исушува. Косата прво измијте ја со шампон, а потоа измијте ја со половината чаша млака вода и половина чаша шампањско. Немојте да ја плакнете, косата ќе биде сјајна и полна со волумен.

Циметот го јакне коренот на косата

Во сад ставете половина чаша врело маслиново масло и додадете лажичка цимет и лажичка мед. Кога смесата ќе се излади, вмасирајте ја во скалпот и оставете ја да дејстввува 15 минути. Потоа измијте ја косата со шампон и постапката повторувајте ја секоја недела за да го зајакнете коренот на косата. Маската од цимет го спречува опаѓањето на косата.

loading...
Сподели