Ако навечер често имате проблеми со заспивањето, посебно заради болките во грбот, треба да се релаксирате со помош на четири едноставни вежби.

Еве што треба да правите:

1. Поза ослободување

На овој начин го ослободувате грбот од стресот кој го претрпува преку текот на целиот ден, посебно во пределот на колковите и половината.

Како да ја правите?

Легнете на грб и релаксирајте се. Навалете ги колената кон стомакот. Вдишувајте додека силно ги прегрнувате колената и ги влечете кон лицето. Издишувајте и носете ги нозете наназад кон стомакот. Цело време, дишете длабоко.
Вежбата правете ја околу една минута

2. Нозе на ѕид

Во оваа поза ги релаксирате нозете и грбот, притоа, ги отворате градите и можете полесно да дишете.

Како да ја правите?

Ставете перница на долниот дел од грбот и задникот. Лежете така притискајќи го задникот кон ѕидот. Одморајте се во оваа позиција околу една минута.

3. Вежби во вид на бран

Со помош на оваа вежба уште повеќе ќе успеете да ги релаксирате грбот и нозете, па и вратот.

Чекор број 1:

Легнете на грб. Нишајте ги нозете од една на друга страна на најопуштен можен начин и додека го правите тоа, нишајте ја и главата од една на друга страна.
Вежбата правете ја околу една минута

Чекор број 2:

Легнете на стомак, наместете перница на главата и долниот дел од грбот. Нишајте ги нозете од една на друга страна и вртете ја главата од една на друга страна.
Правете ја вежбата цела една минута

4. „Савасана“

Оваа вежба најдобро е да ја правите пред спиење за да се релаксирате и полесно да можете да заспиете

Како да ја правите?

Легнете на грб, нозете одвојте ги малку, а исто така и рацете. Релаксирајте го целото тело и дишете длабоко околу 20 пати. Полека, но сигурно ќе забележите дека телото комплетно ви се релаксира.

Advertisement