Изгубила 48 килограми со исфрлање на една намирница од исхраната

На 30 годишна возраст имала 116 килограми. Денес не само што успеала да симне речиси 50 килограми, туку сега изгледа и помладо, а се чувствува неспоредливо подобро!

35 – годишната Ванеса Додсворт од Линколншир пред 5 години имала неверојатни 116 килограми. Повеќе ништо не можела да облече, се чувствувала и (според нејзините зборови) изгледала одвратно.

Не сакала манекенско тело, туку само да има нормална тежина и да може да се чувствува убаво и пријатно кога ќе излезе од дома.

Но, најголемиот проблем била чоколадата и кексот Флепчекс (бисквит полн со шеќер и фруктозен сируп). Како што вели, од нив буквално била зависна.

Во моментот кога бројката на вагата била на пат да достигне 117 килограми, а луѓето почнале да ја оценуваат како 50 – годишна жена, Ванеса одлучила дека конечно е време да превземе нешто во врска со вишокот килограми.

Токму во исто време, на сопругот на Ванеса му бил дијагностициран рак на лимфните жлезди и тоа дополнително допринело за нејзината одлука да ослабне. „Сфатив дека животот е премногу краток и дека морам што побрзо да ослабам“, открила Ванеса.

Таа почнала од она најтешкото – се откажала од омилените слатки – чоколадото и бисквитите кои инаку ги јадела барем по три дневно.

После неколку дена, желбата за нив исчезнала и Ванеса почнала да јаде поздрава храна, а почнала и да пешачи бидејќи знаела дека физичката активност е неопходна.

После една година, Ванеса симнала неверојатни 48 килограми и никогаш не се чувствувала подобро! Денес таа е горда на својата тежина која изнесува здрави 68 килограми, а сите и велат дека изгледа и 10 години помладо.

„Никогаш не сум била толку среќна, носам нормална големина на облека и изгледам многу подобро“, кратко рекла презадоволната Ванеса и им порачала на сите жени дека е можно да се има здраво тело само ако во него вложите малку труд.

Advertisement