Икањето и како да го сопреме?

zena ikanjeИкањето претставува несакана контракција на дијафрагмата-мускулот кој што ги одделува градите од абдоменот и игра значајна улога при дишањето.

Секоја контракција на дијафрагмата е проследена со ненадејно затворање на гласните жици, при што се произведува карактеристичниот звук на икање.

Иако самиот звук често предизвикува смеа меѓу присутните, икањето знае да биде непријатна и иритирачка појава, особено кога се повторува подолго време. Во најголем дел од случаите, икавицата запира по само неколку минути.

Што треба да се направи за икањето да престане?

–  Задржување на здивот броејќи до 10.

–  Забрзано дишење во хартиена ќеса.

–  Брзо пиење чаша ладна вода.

–  Една лажица шеќер или мед.

Ако овие трикови не помогнат, икањето ќе помине само по себе за неколку минути. Доколку не запира и по неколку часови и имаме проблем со дишењето и голтањето треба да се побара медицинска помош.

Scroll To Top