Секоја мајка сака нејзиното дете да има густа и јака коса. Меѓутоа, некои бебиња имаат погуста и појака коса од други. Тоа не значи дека вашето бебе ќе има таква коса и кога ќе порасне. За да бидете сигурни за тоа, треба да обратите внимание на негата на косата. Освен тоа, многу е важно бебто да јаде правилна и здрава исхрана.

kosa kaj bebe

ЛОСОС

Лососот содржи омега -3 и омега -6 масни киселини кои го потикнуваат растењето на косата кај малите деца. Овие масни киселини, исто така се добри за кожата.

ЈАЈЦА 

Јајцата се супер храна која е многу здрава за децата, како и за возрасните. Давајте им почесто варени јајца на вашите деца за нивен целокупен раст и развој.

БАНАНИ

Бананата содржи витамин Б, кој го потикнува растењето на косата и ја зајакнува од коренот.

СПАНАЌ

Овој зелен зеленчук е многу хранлив и здрав. Спанаќот е супер храна која содржи витамин Е. Овој витамин го потикнува растењето на косата.

ЈАГОДИ

Јагодите се богат извор на калциум и антиоксиданси кои помагаат во растењето на косата кај малите деца.

ВОДА

Нека вашето дете пие многу вода во текот на целиот ден. Таа помага многу за косата да биде хидратизирана и здрава.

 

loading...
Сподели