Што точно подразбира здравата исхрана кога се обидувате да забремените? Тоа значи дека треба да внесувате доволно овошје, зеленчук, зрнеста храна, јаткасти плодови и други видови здрава храна.

Освен тоа што е неопходно да консумирате здрава храна, исто така треба да избегнувате храна од вештачки состојки, синтетички хормони и адитиви кои би можеле да влијаат негативно врз процесот на бременоста. Овие 5 видови на храна се препорачува да ги избегнувате доколку сакате да забремените.

1. Риба богата со жива

Живата може да го оштети нервниот систем, што значи дека конзумирањето на морска храна, богата со жива, може директно да му наштети на фетусот. Јадењето риба со високо ниво на жива пред да забремените може да „складиште“ на жива во вашето тело, што исто така може да влијае на развојот на нервниот систем на бебето. Нервниот систем на фетусот се формира пред повеќето жени да знаат дека се бремени. Живата, исто така, може да ја намали плодноста.

2. Трансмасти

Трансмастите, кои се наоѓаат во одредени чипсови или пуканки кои се приготвуваат во микробранова, полуготови печива и пржена храна, може да предизвикаат воспаление и отпорност на инсулин, што ја намалува плодноста. Згора на тоа, тие можат да ги оштетат вашите крвни садови, нарушувајќи го протокот на хранливи материи во репродуктивниот систем. Мажите, исто така, треба да избегнуваат трансмасти додека се обидуваат да направат дете, бидејќи го намалуваат бројот и квалитетот на спермата.

3. Храна со висок гликемиски индекс

Ако сакате да ја зголемите вашата плодност, избегнувајте ја храната што го зголемува нивото на шеќер во крвта, особено ако не ја комбинирате со храна која го успорува тој пораст. “Шеќерите во крвта може да предизвикаат воспаление, да предизвикаат промени во хормоните и да ја попречат овулацијата”.

4. Алкохол

Жените кои би сакале да забременат треба целосно да избегнуваат алкохол, но ако сакате да пиете, се препорачува да го ограничите алкохолот до седум пијалаци неделно. Алкохолот, како што е живата, може да придонесе за неплодност и да го намали витаминот Б во вашето тело, кој ги подобрува шансите за бременост и го помага растот на фетусот.

5. Сирови производи од животинско потекло

Сировото месо, морските плодови и јајцата може да содржат салмонела, бактерии или токсоплазмоза, што може да го инфицира фетусот ако помине низ плацентата. Затоа, пред да ги консумирате потрудете си да ги зготвите сите производи од животинско потекло темелно и избегнувајте суши.

Сподели