На листата на овие суперхрани се наоѓаат масти, јагледихрати, па и чоколадо. Секој од нив ќе ви дава неопходна енергија, спречува настанување на болести, ќе ви помогне да изгледате помлади и може и да го ви го продолжи животот.

Црна чоколада

Deborah A. Klein, авторка на книгата „ 200 Супер храни кои ќе ви го спасат животот“, истакнува дека црната чоколадо ( со барем 70 % какао) е добра за срцето и го намалува крвниот притисок, додека антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот.

Свежо сирење

Свежото сирење е вкусно и ги зајакнува коските, вели Klein. Освен тоа, помага и во изградбата на мускулите и органите. Сирењето има ниско ниво на натриум, а богат е и со калциум и протеин. Јадете го за појадок или конзумирајте го како сос за шпагети.

Сладок компир

Компирот е едно од најздравите зелечуци. „ Нивото на витамин А ги руши сите рекорди“, вели Klein. Одличен е и за превенција од болести бидејќи е богат со антиоксиданси и состојки кои имаат против воспалително дејство. Голем извор е на скрпб бидејќи го храни телото со гликоза која е гориво за мозокот, мускулите и органите. Компирот е вкусен потсетник дека јаглехидратите се неопходни за здравјето.

Лутото е здраво

Не само што го надополнуваат вкусот на секој оброк, лутите пиперки го подобруваат и имунитетот. Извор на здравјето е состојката капсацин, која делува против дебелеење, рак, дијабетес и бактерии кои создаваат чир на желудник.

Репка

„ Репката е одлична за срцето, косата и здрави очи“, вели Klein. Таа е преполна со витамини, антиоксиданси, па дури и калциум. Добра е за крвните садови и спречува оштетување на артериите, што може да доведе до срцеви болести.

Јаболка

Ова овошје богати со хранливи влакна, може да ги намали алергиските реакции, за ве заштити од рак и дијабетес, го намалува холестеролот. Со оглед на тоа колку сорти на јаболка постојат на пазарот, сосема сигурно е дека може да пронајдете некоја која ќе ви се допаѓа.

Ореви и други јаткасти плодови

„ Оревите се број еден храна за срцето“, вели Klein наведувајќи дека тие се полни со омега- 3 масни киселини. Уживајте со четвртина чаша јаткасти плодови, неколку пати неделно, а истотака ќе ги добиете потребните белковини. Оревите исто таа содржат елангиска киселина, кога делува како превенција на тумор.

Боровници

Последни на оваа листа, а всушност би можеле да бидат на прво место по количината на антиоксиданси која ја содржат. Боровниците го спречуваат ширењето на бактерии и инфекции.