naslovnaХуман папилома вирусот го напаѓа ткивото и  коренот на јазикот. Порано се мислело дека ракот на грлото е последица од пушење и од алкохол, но се открило дека голем број заболени од овој вирус често практикувале орален секс со многу партнери.

Менувањето на партнери дури и за орален секс може да биде опасно, се пренесува од кожа на кожа  и ако вирусот не се излекува може да дојде до рак на грлото. Инаку постојат повеќе од 100 типа hpv.

Со него можат да се заразат и мажите и жените.  Најчесто е причина за рак на матката, а предизвикува и рак на вулвата, пенисот или анусот.

Одредени типови на ХПВ можат да предизвикаат појава на цервикална дисплазија- променета слузница на вратот на матката со потенцијал да се трансформира во вистински рак на грлото на матката. Во обата случаи, жената може воопшто да не чувствува никакви тегоби.

Не постои лек за ниту една од овие болести. Во најголем број од случаите на инфекција со ХПВ, имуниот систем на организмот успешно се бори со вирусот и на крај успева целосно да го отстрани вирусот од себе. За разлика од ХПВ, гениталниот херпес вирус има тенденција да се скрие и долго да мирува во организмот (најчесто во нервните клетки) и чека погоден момент кога повторно ќе се активира. Инфекцијата со ХПВ вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката.

loading...
Сподели