Кој не сака да вежба, ги дочека своите пет минути бидејќи килограмите можете да ги изгубите и спиејќи.

На долги патеки, тоа е сјаен метод, објави сајтот Brigt side, и со нас споделува неколку паметни начини како да ослабнете а да не работите ништо.

Исфрлете го газираното, пијте повеќе протеинско

Не пијте сокчиња, газирани и слатки пијалоци, туку пред спиење испијте еден протеински шејк бидејќи така ќе го зголемите бројот на калории кои телото ги согорува додека се одмара.

Скромна вечера

Вечерајте помал оброк, но никако пред одење во кревет бидејќи телото ќе ги претвори во масни наслаги.

Ништо алкохолно

Чаша вино или помал пијалок во вечерно излегување, но после тоа не треба веднаш да си легнете бидејќи потешко ќе заспиете. Планирајте, од пијалокот до сон треба да поминат најмалку три часа.

Во 9 во кревет!

Секако, не мора баш во 9, но важно е да воспоставите ритам и во кревет да одите, колку е можно, ако не и во исто време тогаш во слично. Кој добро спие, и тоа 7-8 часа, побрзо ги топи калориите и салото.

Не вежбајте пред спиење за да не се расоните

Кој вежба, побрзо се расонува, а тоа навечер не треба да го правите. Наутро вежбајте за да се разбудите, а вечерта е наменета за одморање.

Од спална исфрлете ги ТВ, телефон, таблети…

Тв некому му помага полесно да заспие, но светлата и зуењето на сите тие уреди може само да ви го нарушат сонот, затоа во кревет одете без нив.

Разладете ја спалната соба

Не спијте во претопла соба, ќе се превртувате цела ноќ. Собата убаво разладете ја и проветрете, спиење на 18 степени е сјајно за слабеење бидејќи ги согорува повеќе калориите отколку во претопла просторија.

Спијте во целосен мрак

Спуштете ги ролетните, исклучете ТВ и слични уреди, а не ви е потребно ниту ноќно светло…Така лесно се произведува мелатонин, кој овозможува длабок сон и побрзо согорување на калории.

Сподели