Хелда – задолжителен производ во менито на вегетеријанците

За нејзина матична земја се смета Индија, каде ја викаат и црн ориз, но најраспространета  е како храна  во Русија.

Хелдата е богата со протеини и железо, а позната е по тоа што дава сила и енергија, го прочистува организмот и придонесува да се намали телесната тежина. Во последно време се наложува како задолжителен производ во менито на вегетаријанците и луѓето кои се залагаат за здрав живот и здрава исхрана.

Хелдата не содржи глутен, затоа се препорачува за повеќе посебни диети. Исклучително е богата со протеини, содржи големи количества аминокиселини – лизин, левцин, изолевцин, метионин, триптофан, треонин, фенилаланин и валин. Хелдата содржи и диетални влакна, кои го помагаат варењето на храната. Уште и – витамини од групата Б, витамините А и ПП, калциум, јод, фосфор, бор, цинк, магнезиум, органски киселини и пектин. Богатата содржина на железо и лецитин ја подобрува работата на црниот дроб и панкреасот и ја зголемува отпорноста на организмот.

Велат дека хелдата жените ги прави млади и убави, а мажите силни. Тоа се објаснува со флавоноидите во составот, кои се борат со процесите на стареење на клетките. Истото се објаснува и со протеините во својот состав, кои се причина за зголемување на мускулната маса и издржливоста на телото. Хелдата одржува одлична форма на кожата, косата и ноктите.

Хелдата е позната и како растение кое за кратко време намалува многу килограми. Ако ви се чинат драстични диетите со хелда што ќе ги најдете, едноставно почнете да ја додавате во салати, така двојно ќе се искористи ова растение, збогатувајќи го вкусот и намалувајќи ја тежината.

Advertisement