Во последните неколку месеци медиумите се преплавени со веста за моќниот анти-канцероген ефект на билката Гравиола (Annona muricata). Гравиолата е нова надеж за болните од рак, посилна е од хемотерапијата и ги поштедува здравите клетки – тврдат стручњаците.

Расте во Северна и Јужна Америка, зимзелена е и има одличен вкус. Нејзиниот вкус е сличен на овошниот јогурт – велат луѓето кои го пробале вкусот на гравиолата. Лековита е целата билка од коренoт па се до плодот.

Од нејзините листови луѓето уште многу одамна правеле чај, кој го користеле за лекување на проблеми со црниот дроб и дијабетес. Во Африка, оваа билка се употребува и ден денес како анелгетик и како ефикасен лек против детска треска.

Оваа билка беше занемарена се до последните истражувања при што се покажа дека гравиолата е одличен антиканцероген лек. Научниците веруваат дека истата е скоро 10 000 пати посилна од класичната хемотерапија, ги уништува канцерогените клетки и ги поштедува здравите, при што воспоставува нормална функција во организмот.

Гравиолата е билка која нема штетни дејства врз организмот ако се користи нормално. Богата е со витамини и минерали како и многу други елементи кои се од голема корист за вашето здравје.

Гравиолата може да се купи и како суплемент на нашите простори, а за начинот на дозирање се препорачува да се консултирате со вашиот фармацевт. Важно е да нагласиме дека гравиолата е растение на кое допрва му претстојат разни тестирања и испитувања.

Да се надеваме дека и наредните испитувања ќе го потврдат антиканцерогениот ефект на оваа билка, и ќе внесат нова надеж на лицата кои се болни од чумата на 21 -от век.

loading...
Сподели