Гравот успешно го намалува холестеролот, крвниот притисок, ја помага работата на дигестивниот систем, го штити организмот од рак, а исто така и го забавува растот и развојот на тумурот.

Истражувачите на Харвард установиле дека жените кои јадат два пати неделно грав ги намалуваат шансите за рак на дојка до 70%.

Зрната грав се одличен извор на влакна, протеини, железо, аминокиселини, и го подобруваат расположението. Гравот е богат со витамините Б1 и Б2, калиум, магнезиум…

Во кинеската медицина гравот се користи за лечење од алкохол, како лек против реума и болки во бубрезите.

Доколку имате тешкотии кога го јадете нутриционистите советуваат кога го готвите да ставите и малку чај од нане или мајчина душичка, тоа ќе ги намали тегобите во стомакот.

Сподели