Големата моќ на малите семиња во убавината

мали семинја
Вообичаено е ситно и незабележливо, а истовремено во себе има голема моќ. Семето содржи многу скапоцени хранливи материи и лековити супстанци. Иако е познато илјадници години, денес неговата моќ е повторно откриена. Се чини дека најдобро место да се чува е во шпајз, но сепак се покажа дека е најдобро да се чува … во бањата на вашата тоалетна полица!

Семињата се преполни со животна моќ. Тие се извор на првите ’ркулци, тие се храна за животните и луѓето. Семињата се извор на витамини, микро и макро хранливи материи, здрави масни киселини, јагленохидрати и фиброзни материи. Исто така содржат и многу минерали: калиум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, манган, бакар, силициум и калциум. Постојат многу рецепти за храна со семиња. Може да се додадат во домашен месен леб, салати и јогурт. Исто така може да се јадат и како ужина.

Што е уште повеќе важно, треба да се знае дека маслото од семињата има исти својства како и целото семе. Следбениците на здрава исхрана не само што додаваат масло во оброците, туку исто така, и го пијат во неговата основна форма. Нема сомнеж дека придонесува за здравјето и убавината. Меѓутоа, не може секој да поднесе да пие чаша масло или половина, па дури ни со лимон за да го неутрализира вкусот, што е вистински предизвик.

Козметичката индустрија е друга област каде семињата даваат позитивно влијание врз кожата, косата и ноктите. Најчесто употребувана сировина произведена од семе е маслото. Маслото содржи незаситени масни киселини и витамини растворливи во мастите. Благодарение на ова, тоа ја потхранува кожата, ја зголемува регенерацијата на клетките и го спречува оштетувањето од слободните радикали. Како резултат на тоа, го забавува процесот на стареење на клетките.

Некои семиња се употребуваат за производство на мацерати – тоа е кога зрна семиња се мешаат со сончогледово, соино или маслиново масло и се оставаат да отстојат некое време. Киснењето се користи за да се добие максимум од супстанците кои се раствораат во мастите од семето. Додека пак супстанците кои се раствораат во вода се добиваат од семето како екстракти.

cia Постои богат избор на семиња кои се поволни за нега на кожата и косата. Најдобрите производи за нега на кожа се без сомнение чиа и стрелиција.

– Чиа семето може да апсорбира 12 пати повеќе вода од сопствената тежина и затоа кожата ја прави совршено хидрирана и мазна, подобрувајќи ја нејзината цврстина и намалувајќи ги брчките. Нивните антибактериски и антивоспалителни својства исто така се користат и во третирање на акните.

– Стрелицијата
помага за изедначување на тенот на кожата со сјаен изглед. Освен тоа, ја подобрува и цврстината на епидермисот и ги намалува брчките, при што помага и во забавување на процесот на стареење на кожата. Класичен вид на семиња кои се користат за нега на тело се семето од јаглика и соја.

-Сојата го поттикнува создавањето на колагенот во кожата, со што таа станува покомпактна и еластична.

 Семето од јагликата помага во измазнување на кожата, а истовремено го регулира создавањето на себумот и лесните иритации на кожата.

– Семето од макадемија се смета дека е вистински борец против слободните радикали. Неговите својства особено се користат за нега за сува кожа, за кожа која се лупи и за чувствителна кожа.

-Семето од моринга потекнува од т.н. „дрво на чудата“ и илјадници години е познато заради придобивките кои ги има против стареењето на кожата. Ова семе дури сега повторно се открива и популаризира. Освен што ги намалува брчките и ја одржува кожата цврста, исто така ја прави сјајна, го стабилизира создавањето на себум и спречува појава на митесери.

Ова се само неколку примери за огромните можности на овие минијатурни семиња. Не постои никаква можност да се негира нивното моќно влијание во секојдневната нега на кожата, кое што дефинитивно треба да се проба.

Scroll To Top